Одбојкарските репрезентативци интензивно се подготвуваат за дебитантскиот настап на Европското првенство.

Според најавите од федерацијата, одбојкарите до среда ќе тренираат во Скопје, а потоа ќе одиграат два натпревара со Австрија во Сент Полтен, како последна подготовка за настапот на Европското првенство во групата во Љубљана од 12-ти до 18- ти септември.

Нашата репрезентација вчера оствари голема победа над Бугарија со 3:0 (25:23, 25:21 и 25:19) и го освои третото место на 43-тото издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.