Екипата на Џио Струмица ја потврди својата доминација и ја освои осмата титула по ред во македонското одбојкарско првенство.

Струмичани ја добија финалната пресметка со  Универзитет во Тетово со максимални 3:0 во финалната серија.

Последната победа се случи вечерва, во салата „Парк“ во Струмица, во четири сета.

Домаќините во првиот и вториот сет со рано водство ја навестија победата и освојувајќи ги со  25-21 и 25-18 поведоа со 2-0

Третиот сет беше најизедначен, Универзитет во Тетово направи мал пресврт и стигна до сигурни 25-20. Сепак, тоа не внесе немир во домашните редови, во четвртиот сет рано се одлепија, а со серија од 4-0 во завршната фаза од сетот дојдоа до недостижна предност, за конечни 25-15.