Српската одбојкарска репрезентација нема да ја брани европската титула затоа што  во полуфиналето доживеа пораз од Италија со 1:3. Во Катовице репрезентацијата на Италија имаше одличен настап, одбојкарите беа расположени за надигрување, а и среќата беше на нивна страна.

Првиот сет Италија до доби со 29-27, а вториот со 25-22. Србите некако се соземаа во третиот сет кога добро се бореа и успеаа да го намалат резултатот на 1:2 , но веќе во наредниот Италијанците повторно покажаа мускули – набрзина поведоа со 5:1, потоа и со 11:5 како што се проближуваше финишот на сетот беа се посигурни во блокот и во нападот, а Србите не можеа да го фатат својот ритам. „Аѕурите“ го добија третиот четвртиот сет со 25-18 и со тоа ја однесоа победата.

Италија е четирикратен европски првак, а последен пат бил на тронот пред 16 години. Сега има шанса да ја врати титулата. Во финалето противникот им е Словенија која претходно ја совлада Полска.