Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација од денеска е во Маврово каде ќе го одработи вториот дел од подготовките за настап на ЕП во септември.

Селекторот Никола Матијашевиќ на располагање има петнаесет репрезентативци, Марјан Урдов не одговори на повикот и не беше дел од денешниот собир.Во стручниот тим на Матијашевиќ се приклучи и Ратко Павличевиќ а со одбојкарите ќе работи и кондицикски тренер од Франција.

Одбојкарите по интензивните подготовки во Маврово се враќаат во Скопје по што ќе одиграат неколку контролни натпревари. Првиот предизвик на ЕП е дуелот со Финска закажан на 12 сепетември. Нашата селекција е во групата која ќе се игра во Љубљана.