Македонската машка одбојкарска репрезентација замина за Софија каде утре и задутре ќе одигра контролни дуели со Бугарија.

Со ова ќе продолжат подготовките за престојните евроквалификации. Македонија двете контролни премсетки во Скопје против Бугарија ги загуби а сега добива шанса за реваншт и подигнување на формата.

„Македонските одбојкари денеска ќе одржат еден тренинг во салата „Христо Ботев“, а пријателските натпревари со Бугарија се закажани за утре од 16 и за задутре од 15 часот. Потоа репрезентацијата ќе се врати во Скопје каде што ќе ја финализира формата пред квалификациските натпревари против Турција и против Босна и Херцеговина од 11-до 16-ти јануари во арената „Борис Трајковски“. Првото место сигурно значи пласман на континенталниот шампионат во септември во Полска, во Чешка, во Естонија и во Финска, но реална шанса постои и со второто, затоа што учество во елитата ќе обезбедат и најдобрите пет од второпласираните селекции во седумте групи. Во една од нив, Бугарија е голем фаворит против Австрија и против Израел, четири групи се закажани за мај, а во единствената завршена, место на ЕП обезбеди Летонија, додека, пак, второпласираната Шпанија се уште чека, иако со биланс од три победи и со девет бода е веќе јасно дека може да смета на учество во престижното друштво.“ – велат од ОФМ.