Претседателот на одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски потврди дека нашите репрезентативци ќе добијат награда од 20.000 евра за пласманот на ЕУРО.

Македонија обезбеди второ учество на Европско првенство, ќе се одржи во четири земји,  Финска, Естонија, Полска и во Чешка, во септември.

„Управниот одбор  на ОФМ одлучи да ги награди одбојкарите  уште пред почетокот на турнирот, тие успеаа да стигнат до ново ЕП,  среќен сумза успехот,  работиме долго, оваа генерација ја следиме некои десетина години. Малкумина веруваа, а сега се покажува дека сме направиле вистинска проценка, ги поставивме правилно целите, резултатите дојдоа“, изјави  претседателот Јовановски за ТВ 24.