Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ја прекине сезоната во сите конкуренции без прогласување на победницити.

Оваа одлука е донесена поради пандемијата од Ковид-19, сезоната нема да се доигра слично како и во фудбалот, ракометот и кошарката.

„Поаѓајќи од највисокиот интерес за одбојкатa, прифаќајќи ја објективната состојба на населението на Република Севрна Македонија во однос на заболувањето предизвикано од вирусот СОВИД-19, прогласена епидемија и вонредната состојба на цела територија на државата, водени од интересот за здравје и живот, како највисоки и доминантни цели над сите други, а имајќи ја предвид потребата од правна сигурност. Согласно член 26, член 29 од Статутот на ОФМ, член 13, член 14, член 15 и член 70 од Правилникот за натпреварување на ОФМ, како и член 6 и член 20 од Пропозиции за натпреварување на ОФМ, имајќи го во предвид и ставот на прволигашките екипи во машка и женска конкуренција од електронската седница одржана на 02.06.2020 година, Извршниот одбор на ОФМ и Комесарот за натпреварување на ОФМ, на електронската седница одржана на ден 07.06.2020 година, ја донесоа следната одлука:“