Струмичката и македонската одбојка се простува од Илија Караманов, поранешен одбојкар, тренер и истакнат спортски работник.

Целиот живот Караманов го посвети на одбојката, најпрво како активен играч во ОК “Југославија” во Струмица, а потоа и како прв тренер на истоимениот женски клуб.

Караманов потоа работеше машката екипа на ОК “Струмица” како прв тренер и предводник на тимовите во младински категории.

По завршувањето на тренерската кариера, постојано беше ангажиран и помагаше во работата на ОК “Струмица” и на ОК “Џио Струмица”.