Поранешниот одбојкар и досегашен тренер, Мигел Анхел Фаласка, почина во 47-та година од својот живот од срцев удар, објави денеска Олимпискиот комитет на Шпанија.

Според наводите, Фаласка присуствувал на венчавката на свој колега, кога во еден момент му се слошило, а напорите на итната помош да го реанимираат немаа резултат.

Трагичната вест ја потврди и италијанска Монца, каде Фаласка работеше како тренер.

Во својата кариера, Фаласка ги бранеше боите на Лас Палмас, Болоња, Ферара, Роселар, Модена, Мајорка, СКРА Белхатов и Урал. Тренерската функција ја започна во 2013-та година во Белхатов, од каде пристигна во Монца три години подоцна.