Највисокиот играч (216 цм) кој го носел националниот дрес на Бугарија, Христо Модев починал на 43 години, пренесуват медумите од нашиот сосед.

Модев во кариерата играше за повеќе одбојкариски клубови но најголемиот успех го оствари во дресот на ОК Работнички. Тој во „Градски Парк“ се задржи 12 години и беше дел од екипата која се пласираше на Фајнл-фор турнирот на „Топ-тим“ купот во организација на ЦЕВ.

Модев беше женет со Валентина со која ги има двете ќерки Габриела и Клементина.