Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија ја потврди одлуката за прекин на сезоната 2019/20, шампиони нема да се прогласат во двете конкуренции.

Потврдено е дека и испаѓање нема да има, клубовите кои се заинтересирани за настап во Европа, ќе имаат можност за тоа според табелата до прекинот на сезоната.

До моментот на прекинот екипите на Вардар во машка и во женска конкуренција беа на лидерските позиции на табелата.

Во ОФМ сметаат дека нема услови да се доигра сезоната поради пандемијата предизвикана од Ковид-19.