Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација влегува во третата недела од подготовките во Маврово. Селекторот Матијашевиќ повторно ќе може да смета на Ѓорѓи Ѓорѓиев и на Филип Маџунков откако двајцата играчи ги санирале повредите. Во Маврово пристигна и Александар Милков но неговиот настап на ЕП останува неизвесен.

„Конкуренцијата ќе биде засилена, иако се уште е незивесно дали коленото на Милков ќе може максимално да ги издржи напорите, а со тоа и дали ќе биде во конкуренција за настап на Европското првенство во септември. Честа да го носат црвено-жолтиот дрес на континенталниот собир ќе го имаат четиринаесетмина одбојкари.“ – информираа од Одбојкарската федерација на Македонија.

По главната фаза од подготовките во Маврово нашата селекција ќе одигра повеќе контролни натпревари пред заминувањето на СП во Словенија.