Одбојкарите на Словенија се првите финалисти на Европското првенство во одбојка, бидејќи во полуфиналето го победија домаќинот и актуелниот светски шампион Полска со 3: 1.

Полјаците  го доби првиот сет 25:17 и задачата беше значително потешка за актуелниот вицешампион на Стариот континент.

Сепак, со одлична игра во следните три сета, Словенија заслужи нов пласман во борбата за титулата. Од сите три сета два  Словенците ги добија на разлика. Во вториот беше 32:30, а во четвртиот 36-34

Во третиот, Словенците беа убедливи 25:16 и кога се се гледа реално, сосема заслужен исход.