Репрезентациите на Словенија и Полска се првите полуфиналисти на ЕП во одбојка. Словенија го совлада актуелниот шапмпион селекцијата на Русија со 3-1, додека Полска без загубен сет беше убедлива над Германија.

За разлика од дуелот во групната фаза кога Русите во целост ги надиграа избраниците на Џулијани, сега видовме сосема поинаков натпревар во кој домаќините беа на повисоко ниво од противникот и  дојдоа до голем триумф за пласман меѓу четирите најдобри на овој континентален собир.

Урнаут со 13 поени ја предводеше листата кај победникот, додека на спротивната страна Полетаев собра 20 поени.

Денеска ќе се одиграат и другите два четврфинални мечеви во кој ќе играат Србија -Украјна и Франција – Италија.