Македонската одбојкарска репрезентација на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка” денска ќе игра со Бугарија за пласман на третото место.

На овој турнир, Македонија загуби од Украина со 3:1 (25:21, 25:20, 22:25 и 25:20) во полуфиналето на 43-тото издание на традиционалниот меморијален турнир, ќе разигрува за третата позиција со Бугарија која беше поразена од  Белгија.

Натпреварот за третото место, Македонија – Бугардија се игра од  17-30 часот, финалето меѓу Украина  и Белгија е закажано од 20-15 часот. Средбите се играат во салата „Парк“ во Скопје.