Откако одиграа два пријателски натпревара со Романија во Крајова, македонските одбојкарите тренираа во салата „Кале“ каде денеска и в недела од 17 часот и 30 минути ќе се тестираат против Шведска.

За селекторот Никола Матијашевиќ тоа ќе биде уште една добра можност да ја провери формата на репрезентативците. Васе Михаилов има стомачен вирус и вчера не тренираше, Марко Јуниор Стошиќ се уште ја санира повредата на стомачниот мускул.

Во пресрет на продолжениот викенд во  со Швеѓаните имаме закажано заеднички тренинг в сабота, работат 14 одбојкари.

Селекторот ќе има уште две средби за да реши кои играчи ќе го носат дресот на Европското првенство во септември. Најпрво на 30-ти овој месец со Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатот од нивнот полуфинален дуел.

На 5-ти и на 6-ти септември ќе и бидеме гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен, а веќе на 12-ти ќе дебитираме на европските првенства. Прв противник во Љубљана ќе ни биде Финска, а ќе играме и со Турција, Русија, Белорусија и со Словенија.