Одбојкарските репрезентации на Србија и Словенија денес од 17:30 часот ќе го одиграат финалето на Европското првенство во Париз.

Во финалето, одбојкарите на Србија се најдоа со победата над домаќинот Франција од 3:2 во сетови.

Словенците пак, важат за најголемо изненадување на ова првенство, па оттука двете селекции не се потценуваат и најавуваат максимална подготвеност за денешното финале.