Младиот српски одбојкар Александар Заварош трагично го загуби својот живот, откако се удави во реката Дрина.

Одбојкарскиот сојуз на Војводина ја објави оваа тажна вест со што му оддаде почит на талентираниот одбојкар, кој е роден на 2.октомври 1999.година.

„Одбојка започна да тренира пред 10.години. Се натпреваруваше во пионерска, кадетска и сениорска конкуренција. Беше перспективен одбојкар, но пред се беше многу позитивна личност“- стои во соопштението.

Неговиот клуб ОК Кулмпун одлучи секоја година на неговиот роденден да се одржува одбојкарски меморијанел турнир во негова чест.