Селекцијата на Шведска запиша победа со 3-2 против Македонија во СРЦ „Кале“, реванш меч во подгтовките за претстојното Европско првенство во Словенија.

Македонија пред два дена ги победи „Трите круни“ со 3-2, сега со идентичен резултат Шведска се реваншира за овој пораз.

Резултатот по сетови, 21:25, 25:20, 20:25, 25:21 и 13:15, ова покажува дека одигравме еден израмнет меч во кој селекторот Никола Матијашевиќ имаше можност уште еднаш да ја провери формата пред настапот на континенталниот шампионат во септември.

Селекторот ќе има уште две средби за да реши кои играчи ќе го носат дресот на Европското првенство во септември. Најпрво на 30-ти овој месец со Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатот од нивнот полуфинален дуел.

На 5-ти и на 6-ти септември ќе и бидеме гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен, а веќе на 12-ти ќе дебитираме на европските првенства. Прв противник во Љубљана ќе ни биде Финска, а ќе играме и со Турција, Русија, Белорусија и со Словенија.