Македонската одбојкарска репрезентација утре против Турција мора да победи ако сака по првот квалификациски турнир во Скопје за пласман на ЕП да биде прва во групата Ц по две кола.

Ова доаѓа по денешната победа на Турција на Босна и Херцеговина со 3:0 по сетови 25:15, 25:17 и 25:18.

Со овој триумф без загубен сет, Турција изби на првото место во нашата група. Македонија во воведното коло ја совлада БиХ со 3:1.

„Треба да поправиме се, да бидеме многу подобри во секој елемент. Да се браниме подобро, да го организираме нападот за посигурни позиции и да бидеме поефикасни во реализацијата. Долго сум во репрезентацијата и мислам дека можеме да го направиме тоа.“ – изјави нашиот репрезентативец, Владо Милев пред утрешниот дуел со Турција.

Македонија утре ќе се соочи со Турција, натпревар кој треба да ја потврди желбата и формата на избраниците на Матијашевиќ.