Одбојарската репрезентација на Србија се врати дома по освојувањето на Европското сениорско првенство. Србија во големото финале на ЕП ја совлада Словенија со 3:1.

На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, репрезентативците на Србија беа дочекани од голем број на навивачи и новинарски екипи.

„Квалитетот е тука, се поклопија коцките, се смени атмосферата и драго ни е што со големи емоции го очекувавме дочекот. Не е лесно да се опише целата атмосфера.“ – изјави капитенот на Србија, Немања Петриќ.

Одбојкарите до крајот на денот ќе присуствуваат на неколку церемонијални приеми меѓу кои и кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ.