Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе и третиот пораз во третото соочување со Бугарија на контролната серија за престојните евроквалификации.

По двата порази во Скопје, избраниците на Матијашевиќ беа надиграни и во Софија во првиот од двата пријателски меча. Бугарија победи со 3:1 (25-23, 18-25, 22-25, 18-25) во сетови и покрај тоа што нашата селекција поведе по првиот сет.

За утре е закажан и вториот контролен натпревар меѓу Македонија и Бугарија исто така во Софија со почеток од 15 часот.