Македонија го запиша првиот пораз во групата Ц, квалификации за ЕУРО, пораз од Турција со еден освоен сет 1-3, потклекнавме во вториот дел од мечот.
Турција го доби првиот сет 25-16, во вториот Македонија демонстрираше одлична игра и го реализираше со 25-18.
Гостите се вратија во третиот сет со 25-18, во четвртиот беа подобри со 25-12 за победа 3-1. Најдобар поединец во нашиот состав беше Никола Ѓоргиев со 16 поени.
Македонија утре се среќава со БиХ, натпревар во кој мораме да победиме со максимален резултат.
Comments are closed for this post.