Македонија ја победи БиХ со 3-1, важен почетен триумф во борбата за пласман на ЕУРО, ова не беше посакувана максимална победа но е исклучително важна во овие квалфикации.

Нашите одбојкари тргнаа одлично, 27-25, 25-21 по првите два сета, гостите реализраа во третиот сет со 23-25, но во следниот одигравме одлично, запишавме победа со 25-19.

Мечот во салата на СЦ „Борис Трајковски“ се играше 105 минути, нашиот Никола Ѓорѓиев 25 поени беше напиот најдобар играч на овој меч.

Следно за Македонија е дуелот со Турција во среда од 18 часот на турнирот во Скопје.