Македонската машка одбојкарска репрезентација по четврти пат загуби од Бугарија во серијата контролни натпревари кои завршија во Софија.

Бугарија денеска беше подобра од Македонија со 3:1 по сетови (25:23, 25:17, 22:25 и 25:20).

Македонија два пати загуби од Бугарија во Скопје а сега и во Софија со што ги заврши контролните натпревари со кои завршија и подготовките за настапот во евроквалификациите.

Првиот квалификациски турнир во Скопје за пласман на ЕУРО ќе се игра од 11 до 16 јануари. Македонија ќе игра со Турција и БиХ во „Борис Трајковски“ во Скопје.