Целта е поставена, успешен настап на Европското првенство во септември. Деби учеството посакуваат да го крунисаат со пласман во втората фаза. Ова неодмана го најави за Дриблинг капитенот на нашата сениорска одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

Подготовките во Маврово влегуваат во завршна фаза, трета недела  напорна работа и интензитет кој треба за два месеци од сега да донесе резултат.

Еве само дел од тренинзите посветени на физичката спремност и упорноста на момците кои посакуваме да не израдуваат на евро собирот во деветиот месец од годинава.