Словенија го шокира актуелниот светски првак Полска со 3-1 и обезбеди финале каде го очекува подобриот од дуелот меѓу Франција и Србија.

Полска е изненадена во „Стожице“ каде загуби од Словенија со 25-23, 24-26, 25-22 и 25-23, атмосферата во салата беше фантастична, публиката бучна, ги мотивираше домашните одбојкари да стигнат до изненандување.