Организаторот на ЕП во одбојка го најави сектаклот кој треба да ја окупира спортската публика на стариот континет од денеска до 29 септември. Шампионатот ќе се игра во четири земји, Франција, Белгија, Холандија и во Словенија. Покрај нашата репрезентација ќе учествуваат уште 23 селекции.

Македонската репрезентација е дел од Ц конкуренцијата, натпреварите ќе се играат во Љубљана. Покрај домаќинот во нашата група се уште е Русија, Турција, Финска и Белорусија.

Денеска од 17:30 часот, Македонија во првото коло ќе игра против Финска.

Македонија за прв пат во историјата ќе учествува на големо натпреварување.