Македонската репрезентативка Арбреша Реџепи ќе биде еден од двајцата знаменосци на денешното отворање на Летните олимписки игри во Токио.

Ова откако беше ослободена од изолација по добивањето на негативен Ковид-19 тест.

„Во последен момент, по интервенција на Канцеларијата на МОК, сепак Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на вечерашното отварање на ОИ и да го носи македонското знаме на церемонијата на отварање на игрите. Арбреша Реџепи, со одлука на ИОК/Организациониот комитет ТОКИО 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од КОВИД-19 и таа ќе ја има честа, покрај Дејан Георгиевски (Таеквондо) да биде спортистка, Олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отварањето на летните Олимписки игри!“ – соопштија од МОК.