Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ е новата олимписка шампионка во тенис.

Бенчиќ ја совлада Вондрусова во финалето на Олимпискиот турнир во Токио со 2-1 во сетови.

Првиот сет го доби Бенчиќ со 7:5, потоа возврати Вондрусова со одличен втор сет во кој доминираше и го доби со 6:2.

Третиот сет започна со брејк на Вондрусова, а потоа Бенчиќ возврати со два, па уште еден доби Маркета,за  искусната Швајцарка така уште еднаш да одговори на одличната Вондрусова со конечните 6:3.

Треба да се спомене дека Бенчиќ е првата тенисерка која носи злато за Швајцарија.