Могамедгаџи Нуров, македонскиот репрезентативец во борење,  во осминафиналето на Олимписките игри во Токио ќе се сретне со Мохамед Садуи од Тунис, така одлучи ждрепката.

Ако го победи борачот од Тунис,  Нуров во четвртфиналето ќе вкрсти со победникот од мечот Александар Хуштин (Белорусија) – Раинерис Перез Салас (Куба).

Доколку стигне до полуфиналето, ќе се бори против еден од најголемите фаворити за златото,  Абдулрашид Садулаев од Русија.

Борбите на Нуров во категоријата до 97 килограми се на 6 август од 11 до 13:30 часот, а полуфиналето е закажано од 18:15 до 19:15 по локално време, по македонско ќе с ебори околу 04:30 часот.