Поранешниот претседател на КФСМ, Даниел Димевски е новиот претседател на МОК, ова доаѓа по денешното изборно собрание на кое гласањето мина со само еден кандидат за наследник на Васил Тупурковски кој 28 години го предводеше рабоењето во најголемата спортска организација во Македонија.

Противничката на Димевски, Александра Војнеска Зикова пред време го напушти собранието заедно со нејзините приврзаници. По тајното гласање, Димевски доби 30 гласа, едно беше во корист на Војнеска Зикова а едно неважечко.

Димевски по изборот вети дека за една година од сега ќе биде одржано ново изборно собрание, дотогаш ќе се обиде да ги обедини сите чинители во спортот и ќе даде се од себе за подобрување на спортот во целина во Македонија.

„Уште сега сакам да ветам дека следната година ќе организираме ново Изборно собрание, па тие пак нека не дојдат. Сакам да бидеме обединети а не разделени. До следниот избор ќе имам една година во која ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за македонскиот спорт. Оваа ситуација ме мотивира да работам уште понапорно.“ – изјави Димевски.