Нашиот Дејан Георгиевски на 27ми Јули во првото коло ќе се сретне со актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, реши ждрепката за таеквондистот од Македонија на ЛОИ во Токио.

Георгиевски сепак доби признание од медиумите на нашиот противник, Алба е фаворит на хартија, но како што деновиве пишуваат и кубанските медиуми, нема да биде лесно за Кубанецот кој треба  да се бори со човекот што го елиминираше актуелниот олимписки шампион.

„Можеби Алба е благ фаворит, тоа ќе биде така се додека не стапнеме на борилиште, тогаш е се подруго, ова се олимписки игри, тука се најдобрите“ – порачуваат од нашиот табор.

➡️Дејан Георгиевски – МАКЕДОНИЈА🇲🇰

2017 Злато🥇 Европско Сениорско Првенство

2018 Сребро🥈 Медитерански Игри

2018 Сребро🥈 Европско Клубско Првенство

2020 Сребро🥈 Европско Сениорско

➡️Рафаел Алба – КУБА🇨🇺

2013 Злато🥇 Светско Сениорско Првенство

2015 Бронза🥉 Светско Сениорско Првенство

2019 Злато🥇 Светско Сениорско Првенство

2019 Сребро🥈 Пан Американски Игри