Дрим тимот на САД е вториот полуфиналист на кошаркарскиот олимписки турнир во Токио, ја елиминираа Шпанија со победата 95-81.

Шпанците го имаа расположението Рики Рубио, тој мечот го заврши со 38 поени, недоволни за изненадување.

Во составот на Американците се истакнаа, Кевин Дурант со 29 поени, Татум запиша 13, Холидеј 12, а Лилард мечот го заврши со 11 поени.

Рубио со 38 поени најефикасен кај Шпанија а покрај него се истакна и Серхио Родригез со 16 поени.

Американците во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот Австралија – Аргентина.