Македонскиот репрезентативец Борјан Бранковски го освои 21 место во квалификациите во дисциплината 10 метри со воздушен пиштол на Летните олимписки игри во Токио.

Бранковски погоди вкупно 573 кругови, најдобар беше во третата серија со погодени 98 кругови.

Во квалификациите најдобар беше Саураб Шаундари од Индија со погодени 586 кругови.