Скопје го дочека новиот макеоднски херој Дејан Георгиевски, новиот олимписки вицешампион во таеквондо, кој го освои среброто на Летните Олимписки Игри во Токио, прв медал после две децении за Македонија.

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек.

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.