Дејан Георгиевски со победа над актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан со резултат 13:6 обезбеди историска олимписка норма за Македонија и за македнското таеквондо.

Дејан денес имаше две борби , првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација, а во втората против олимпискиот шампион од Азербејџан го потврди учеството на Олимпијадата во Токио.

Откако обезбеди олимписка норма Георгиевски се огласи на социјалните мрежи.

„Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма. За малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми. Секако, одлична беше и Анамарија.

Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на брат ми Борче Костовски, којшто исто како и јас живееше за овој миг, но тој е најглавниот виновник за овој историски македонски миг “!

„Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимир Богоевски што овие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија“.

„РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ !!!!