Австралискиот град Бризбејн ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година, објави Меѓународниот олимписки комитет.

Бризбејн ќе направи се игрите да бидат перфектно организирани, овој ден за Австралија е многу важен, изјави Џон Коутс, претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија.

Ова е многу важен ден за Австралија и сите нејзини жители. Му благодарам  на ИОК на укажаната довербат. Игрите ќе бидат во вредни, благодарни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти од целиот свет дека тоа за нив ќе биде незаборавно искуство“ – порача претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Коутс.

 

 

 

Досега во Австралија се одржаа игрите во Мелбурн 1956 година и во Сиднеј 2000 година.