Членовите на Таеквондо клубот Бутел и голем број на граѓани , се собраа во спортската сала во Бутел и организирано го следеа финалето во кое Македонскиот преставник Дејан Георгиевски го освои второто место , во финалето во Таеквондо на Олимпијадата во Токио.

Историски ден, за македонскиот спорт, историски ден за Македонската нација , прв медал по пауза од 20 години, на олимпијадите , извонреден резултат за целата Македонска јавност.

Само напред мајсоре, напред во нови победи и успеси.