Дејан Георгиевски, таеквондистот кој на Македонија после две децении ѝ донесе нов медал, овојпат сребрен како најголем успех на нашиот спорт во овие 30 години од независноста, веднаш после пристигнувањето во Скопје дојде на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Директорот Наумче Мојсоски го дочека Дејан  уште на аеродром, а во просториите на државната агенција му врачи посебна слика со сребрениот пехар како благодарница за историскиот успех.

„Моја заложба е сите боречки спортови да си добијат свој домови, ги знаеме проблемите и се надевам дека додека сум јас ќе се изнајде решение, станува збор за сали кои не се габаритни. Веќе донесовме одлука за набавка на татами, сите потребни реквизити. Мој предлог е малите сали како Партизан кои се реконструираат да бидат пренаменети токму за овие боречки спортови“, рече Мојсоски.

 

Тренерот , Дарко Косвовски најави дека сон е да се изгради таеквондо олимписки центар и посочи дека овој спорт е водечки моментно во земјава, а Македонија има такви таленти што во Париз во 2024 година на следните ЛОИ може да донесе злато, а и со повеќе учесници и повеќе медали.

Наш сон е да имаме олимписки центар само за таеквондо и за многу скоро ќе почне да се гради. Не сакам ниту еден спорт да го потценам, ама моментно таеквондото е носечки спорт и се надевам дека со нас ќе отпочне таа потребна инфраструктура да се гради, не за друго, туку и за нмногу медали на следните олимпијади. Владислав Ларин е Кристијано Роналдо во такевондото, а до него е Дејан Георгиевски, зашто во финалето верувајте решаваа нијанси. Прекрасно е чувство да елиминирате светски првак, па многу силен африкански борец, па посебно Кореец, зашто таа земја е колепка на овој спорт, што е еднакво како да го победите Бразил или Англија во фудбал. Во Париз, со господ напред ќе донесеме злато, а може и повеќе медали, зашто сестрата на Дејан, Анамарија е јуниосрка светска шампионка, брат му е балкански првак, има уште низа исклучителни таленти. Имаме сериозна генерација која треба да се следи и која може да оди кон висините на олимпизмот“, рече Костовски.