Дејан Георгиевски, денес одржа прес-конференција по освоената А – норма за Олимпијадата во Токио на која не ја криеше желбата за златен медал на Олимписките игри.

„Благодарност до моите тренери Борче и Дарко Костовски. Без нив овој резултат немаше да се случи. Исто така благодарност до мојот клуб Бутел, моите клупски другари, моето семејство, но најмногу на Бог. Ова се денови кога македонската јавност дозна за историскиот успех. Ми следува малку одмор, а потоа се исклучуваме од реалноста и одиме на моментот „Македонија има олимписки златен медал“, изјави Георгиевски.

Македонски таеквондист има целосна подршка од целокупната македонска јавност , како и од Македонскиот олимписки комитет.

„Ние како Олимписки комитет препознавме кај нив квалитет и од првиот момент максимално тимски функционираме и никој од нас не се штеди да ги овозможиме најдобрите услови за еден врвен резултат“, нагласи Даниел Димевски, претседател на МОК.

Покрај Георгиевски кој во Токио ќе настапи на 27 јули, од македонските спортисти со обезбедена олимписка норма е и борачот Могамедгаџи Нуров.