Македонскиот репрезентативец, Дејан Георгиевски пристигна во Скопје, по успешниот настап на Летните олимписки игри во Токио.

Стотина негови фанови го пречекаа на скопскиот аеродром, а се чека ред за фотографија со најпопуларната спортска ѕвезда во моментов од Македонија.

„Пред се сакам да им се заблагодарам на сите тука што дојдоа за мене, за оваа подрршка. Баш ми е мило што сме во волкав број. Многу сме уморни, имавме три летови до сега, патувавме многу време. Ве поканувам сите да дојдете сите оваа вечер, заедно да го прославиме овој успех, затоа што тој не е само за мене, овој успех е за сите во Македонија. По доашањето тука почнаа и емициите да „работот“ откако гледам во колкав број дојдоа луѓето тука.“ – изјави Георгиевски.

Освојувачот на сребрениот медал во таеквондо од 16 часот ќе биде на прием во Агенцијата за млади и спорт. Прославата за успехот на Георгиевски во Токио е закажана за вечерва од 19:30 на плоштадот Македонија во Скопје.