Македонскиот херој , Дејан Георгиевски вечерва беше пречекан на плоштадот во Македонија од голем број на граѓани , кој масовно се собраа , да му оддадат почит на херојот на Македонија , кој се врати со сребрен медал од Олимпијадата во Токио.

Новиот македонски херој истакна дека го исполнил ветувањето, и очекува уште многу медали на следните Олимписки игри.

„Благодарност прво до мојот тренер Дарко Костовски кој бурно навиваше и го трошеше последниот атом да ми помогне мене да ми даде енергија баш тогаш кога ми беше најпотребно во секоја борба. Тој почна на почетокот како пионер, кадет. Многу негови карактеристики ги прифатив од него. Благодарност до Д-р Борче Костовски кој е доктор за луѓе, ама и за теквондо.

Ветивме медал, за жал тој е сребрен. Сигурен сум дека, сите наредни олимписки игри ќе имаме уште многу претставници во теквондо И не само да учествуваме, туку да носиме медали. Сакам и другите кои учествуваат на овие игри да ни донесат медал.Ви бладорам на сите. Да живее Македонија.“, истакна Георгиевски.