Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата кампања за своето прво олимписко злато.

Утрово, во наше време, српскиот тенисер беше подобар од Германецот Јан-Ленард Штруф во второто коло на олимпискиот тениски турнир во Токио.

После победата, популарниот Ноле ги коментираше тешките услови во кои се играат натпреварите, и допре до некои други работи поврзани со Олимпијадата.

„Беше навистина неподносливо пет дена. Денес најавуваат дожд. Таа брутална комбинација помеѓу топлина и пареа е нешто што секој од нас треба да го прифати. Разговарав со нив за натпреварите кои започнаа подоцна. Тие работат на тоа, и покрај логистичките предизвици, со напредокот на турнирот и со намалувањето на натпреварите, да започнат подоцна, што би одговарало на сите нас. Видов дека паузите меѓу тениските натпревари беа продолжени – одлично! Сепак, мислам дека проблемот ќе се реши само доколку натпреварите започнаа подоцна“, изјави Ѓokоковиќ.

На прашањето дали еуфоријата околу неговото доаѓање во Олимпиското село стивнала, Ѓоковиќ рече:

„Не. Многу фотографии, многу дружења и убави зборови во селото. Тоа е она што ме исполнува со позитивна енергија. Навистина уживам во секој момент, ова е нешто што ние како индивидуални спортисти не можеме да го доживуваме толку често. Генерално, претставувањето на вашата земја како спортист на Игрите е уникатно чувство. Јас сум свој, сега не би сакал да зборувам за некои квалитети и доблести и недостатоци. Јас сум свесен за некои работи, затоа се обидувам да живеам свесно. Се обидувам да бидам благодарен во секој момент, иако веќе имав три учества во Игра.а зад мене и многу успех во мојот спорт и свесен сум дека многу спортисти и луѓе ме следат и дека тенисот е популарен спорт на глобално ниво“ , рече Ѓоковиќ.