Спортските успеси на хероите од Македонија уште еднаш покажаа дека народот во Македонија е желен за планетарни успеси.

Откако Владата и АМС како и МОК најавија парични награди за Дејан Георгиевски, тоа го направија и од Градот Скопје.

„На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.“ – велат од Град Скопје.