Германецот Томас Бах ќе биде единствениот кандидат, кој следниот март ќе се бори за втор мандат на чело на Интернационалниот Олимписки комитет.

Бахе поранешен Олимписки првак во мечување од ОИ во 1976 во Монтреал, по професија е адвокат и ќе добие нов мандат  четири години, на 137. Собрание на ИОК, кое треба да се одржи од 10 до 12 март 2021 година во Атина.

За Бах тоа ќе биде втор и последен мандат  бидејќи Статутот на МОК предвидува право на само еден реизбор.