Справувањето со Ковид-19 не оди според планот и поради ова 80% од анкетираните Јапонци сметаат дека Олимписки игри во Токио трепа повторно да бидат одложени.

Според анкетата која ја спроведе новинската агенција Кјодо и ТБС, 80% од испитаниците се против одржување на игрите на 23 јули ова лето.

Токио има сериозен проблем со Кови-19 со над 3800 смртни случаи во земја од 126 милиони луѓе.  Светскиот олимписки комитет најави дека засега нема одлука по однос на можно ново одлужување.

На ОИ треба да учествуваат над 15 000 спортисти и над 200 000спортски работници, судии, претставници на спонзорите и на медиумите.