Во пресрет на ЗОИ во Пекинг има најава дека во САД размислуваат сериозно за можноста да не настап на големиот спортски собир во закажан за следната година.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкот на Олимписките игри во Пекинг, Кина.

„Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време пред игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек.“ – изјави Прајс за „ЕСПН“.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.