Лоши сигнали од Јапонија, се најавува можно одложување на игрите во моментот кога светот ги одбројува последните 100 дена до почетокот на најголемиот собир на спортисти во светот.

Генералниот секретар на владејачката јапонска Либерално-демократска партија, Тошихиро Никаи, изјави дека

Откажувањето на Олимписките игри во Токио е сè уште можно. тие нема да се одржат доколку ситуацијата со коронавирус се влоши.

„Ако се каже дека е скоро невозможно да се одржи настанот, тогаш не останува ништо друго освен да се одложи организацијата“ – изјави Никаи на „ТБС“.

Интересно е тоа што на 11 април, агенцијата Кјодо ги објави резултатите од истражувањето на јапонските жители во врска со ОИ, 39,2% беа за целосно откажување на игрите, додека 32,8% од испитаниците беа за уште едно одложување на Олимписките игри, само 24,5% од испитаниците го поддржаа одржувањето.

Олимписките игри во Токио беа откажани минатата година поради пандемијата и беа одложени за 2021 година. Игрите треба да се одржат од 23 јули до 8 август.