Косовската џудистка  Дистрија Красниќи го освои златото на Олимписките игри во Токио во категоријата до 48 килограми.

Красниќи, која е актуелен европски шампион, стигна до златото совладувајќи го домашниот претставник Фуна Тонаки, светски шампион од 2017 година и светски вицешампион од 2018 и 2019 година, во финалето. Така, Косово стана и прва европска земја што освои злато на ова годишна Олимпијада.

За Косово ова е втор олимписки медал во историјата и втор златен. Прво, пред пет години, исто така во џудо, ја освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми.

Косово ќе претставува шест натпреварувачки и пет натпреварувачи на Олимписките игри оваа година.